Press "Enter" to skip to content

Пелистер Таскфорс во драматичен финиш поразен од Работнички во Битола (фотогалерија)

Пелистер Таскфорс – Работнички 89:92

Работнички во Битола подобар од Пелистер Таскфорс на дебито на Дарко Радуловиќ како предводник на “зелено-белите“.Кошаркарите на Пелистер Таскфорс во првото деби во оваа сезона во Битола натпреварот го отворија со многу елан и борба и по седум минути имаа 17:10. “Пелистерци“ продолжија во тоа темпо  и на крајот на првиот период имаа 28:21.  Работнички првото израмнување го имаше во 16.минута, 38:38. “Пелистерци“ предводени од новиот тренер, Дарко Радуловиќ, до крајот на полувремето продолжија со доста ефикасната игра и на одмор отидоа со + (51:46).

Во продолжението Работнички се стекна и со двоцифрена позитива, по три и пол минути игра во третиот период, имаа 60:50, а Пелистер Таскфорс се врати на 59:62, но остојано го „бркаше“ водството. По три одиграни четвртини, Работнички имаше 76:64.Во последниот период. Во неколку наврати биточани се доближија на негатива која ги остави во огра. 86:90 беше на влезот на последната минута од играта, а по тројката на Бернард, само поен негатива 89:90. Но, домашните кошаркари не успеаја да ја освојат топката со која ќе имаа напад за победа.Кај Пелистер Таскфорс, Бернард даде 27 поени со 10 скока, пред Костоски со 16 поени, додека Маслинко заврши со 15 поени.

More from СпортMore posts in Спорт »