-Пред 10 години, во октомври 2013 година ннвестициските можности кои ги нуди општина Битола, беа претставени пред 35 конзули на Македонија во странство, на работна средба која овозможи поголема промоција и афирмација на општина Битола, а истовремено отвора и перспективи за понатамошен економски развој, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Битола беше почестена што ја посетија на Битола и беа запознати со најосновните работи и сите проекти кои што ги подготвувавме сите овие години наназад со детални урбанистички планови. Дел од конзулите веќе и самите покажаа интерес за условите за купување на земјиште и градење, затоа што дел од нив се и бизнисмени, а со тоа се создаваат услови за зголемување на бројот на инвеститори во општина Битола, вели Миновски.
За гостите беше прикажана и видео презентацијата со неколку најзначајни проекти за општина Битола предизвика голем интерес кај присутните конзули кои веќе ги покажаа своите импресии од владините програми, а дел од конзулите тогаш покажаа интерес за развивање на својот бизнис во нашата држава.
Ова беше вториот самит организиран од министерството за надворешни работи на кој беа присутни над 30, што значи дека Македонија се развива не само на економски план, туку се зголемува и бројот на почесни конзули, што е многу важно, затоа што, колку повеќе почесни конзули се соочуваат со предностите на оваа земја, толку повеќе промотори имаме надвор од земјата, беше речено тогаш.
Работна средба продолжи со прошетка низ Широк сокак во Битола и запознавање на гостите со големото културно историско богатство на градот.

Деновиве пред 10 години: конзулите на Македонија во странство во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- In memoriam: дипл. арх. Димитар Ивановски – Митац
- Деновиве пред 10 години: 7. издание на Фестивал на музика од светот во Битола, настапи Наташа Атлас (фото)
- Деновиве пред 10 години: наградата за животно дело на Општина Битола за проф. д-р Георги Здравев (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: како во октомври 2015 изгледаше стадионот под Тумбекафе и како беше околу него (фото)
- Деновиве пред 10 години: каков тим имаше Пелистер волеј во 2015 година на турнирските натпревари (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Жарко Пешевски е “МВП“ на натпреварот, во натпреварот на неделата на ЕФХ
- Еурофарм Пелистер со голема победа во Битола, поразен ПИК Сегед по голема борба и прекрасен ракомет (фотогалерија)
- Ален и Адриан Рустемовски и тренерот Петровски на прием кај министерот за спорт
- Новоименуваната амбасадорка на Кина во посета на Општина Битола
- СВР Битола: тешко повредена девојка на електричен тротинет, уапсени двајца за марихуана










