Press "Enter" to skip to content

Маја Андревска: новиот моден бренд “MAYA“ нуди оригинални модни парчиња со висок квалитет на материјали и ја истакнува убавината жените од  Македонија (фотогалерија + видео)

Жанета Ристевска

-“MAYA“ е нов моден бренд во Битола, издизајнирани парчиња гардероба  со висок квалитет на материјали и модни додатоци. Љубителите на мода и оригинални парчиња облека сега ќе можат да купат или нарачаат да се дизјнира и сошие од новиот бренд “MAYA“ во бутик “Амор“ во Битола. Освен високиот квалитет, своите клиенти ќе ги привлекува и со цени прикладни за македонскиот пазар.

-Модно лице на брендот “MAYA“ е македонската лото девојка, Маријана Станојковска, која го промовира овој моден бренд од Битола. Креацијата која ја носеше на премиерта на светскиот хит филм “Barbie“ во Скопје, од брендот “MAYA“ ги воодушеви сите и предизвика многу позитивни реакции.  

Низ големиот број странски и други брендови, огромно е значењето кога би се одлучиле да поддржуваме македонски дизајн и бренд, особено битолски.  Зад модниот бренд стои младата дизајнерка Маја Андревска со која поразговаравме за новиот бренд “MAYA“.

-Секој може да си го избере своето уникатно парче облека за свечена прилика, но и за секоја друга. Секоја жена сака да изгледа модерно, но и уникатно особено за посебни прилики. Затоа и нашите дизајнираните парчиња се оригинални, со висок квалитет на материјали за сечиј вкус, возраст. Покрај свечена гардероба секој може да избери и парчиња за секаква прилика свечена, секојдневни варијанти, деловни… започна Маја Андревска од Битола за да продолжи

За себе… 

-Од најмала возраст цртам, креирам модели и најголема желба ми беше да се занимавам со мода. Потоа се школувава во овој правец на уметност и завршив моден дизајн. Најголема желба ми беше да создадам  ваков бренд каде жени од различна возраст ќе можат да се облекуваат посебно и уникатно.

За брендот “MAYA“

-Можам  да кажам дека желбите од детството  ми се реализираа. Целата приказна започна на 31 јули оваа година кога го промовиравме и на еден начин најавивме новиот бренд “MAYA“ во Битола. На свечен начин во сала “Еуфорија“  една од поубавите  сали кај нас, се случи промоција на брендот. По тој повод беа  изложени модели кои беа дизјнирани и сошиени со многу љубов. Тука би сакала да изразам посебна благодарност до сопственичката, Тереза Јанчевска, околу нашата соработка за организирање на овој настан.

На многу професионален начин беше промовиран брендот “MAYA“ со снимениот видео спот на Дарио Јанковиќ, директор и режисер на фотографија. Со Дарио соработуваме веќе подолго време и за нашиот бутик “Амор“. Досега имаме многу прекрасни професионални фоотсесии, кои не  прават различни од другите. Модно лице на бренд “MAYA“ е македонската лото девојка, Маријана Станојковска. Кажете ни повеќе за соработката.

-Брендот “MAYA“ го започнавме со познатата водителка Маријана Станојковска која морам да признам е една прекрасна личност која на најдобар начин го промовира брендот. Нашите модели од брендот “MAYA“ и бутик „Амор“  водителката Маријана Станојковска, ги промовира секоја недела на лото и со тоа нашит бренд стана дел од Државна  лотарија на Македонија. Исто така ќе напоменам дека нашето студио ја дизајнира креацијата која ја носеше Маријана на светската премиера на хит фимот “Барби“ (“Barbie“) во Скопје. На тој настан сите кои присуствуваа требаше да бидат облечени во стил на куклата Барби и розева боја. Мојата креација од  брендот “MAYA“ предизвика голем интерес и беше една од креациите која наиде на многу позитивни реакции кај сите медиумите кои беа таму. Имено моделот стана  популарен на социјалните мрежи. 

Сето ова значи дека брендот “MAYA“ станува препознатлив. Каде може да се најдат моделите од модниот бренд “MAYA“?

-Моделите од бренд “MAYA“ може да се најдат во бутик “Амор“ кој се наоѓа во Старата битолска чаршија.  Бутикот е отворен пред околу една година и тука може да се купи гардероба за возрасни, но и деца со висок квалитет. Тука битолчани ќе можат да ги видат моделите и да нарачаат, се додека не биде отворено ателјето, кое е планирано наскоро. Ние сме тука да им излеземе во пресрет  на оние кои сакаат да се облечат во модели од модниот бренд “MAYA“и  да ги облечеме за  различни пригоди. Моден бренд “MAYA“ понатамошни планови…

-Сега засега многу сум задоволна со одзивот на кој наиде брендот „MAYA“. Како што кажав веќе сме препознатливи, но сепак не застануваме и не очекува многу работа и докажување. Се разбира со квалитет и задоволни муштерии. Моето ателје се подготвува и наскоро сите кои се заинтересирани ќе доаѓаат во истото за модели и креации од брендот. Моментално во бутик „Амор“ ја има палетата модели од брендот. Планирани се модни ревии на кои гостите кои ќе дојдат ќе ги видат моделите за сезоните кои ни претстојат. Сметам дека  недостасуваат во нашиот град. Не мора да бидат нешто грандиозно, но сепак убаво и прилагодено за наши услови. Ќе ги изненадиме нашите клиенти, но навреме ќе бидете известени за се што планираме понатаму. Дојдете и посетете го бутикот „Амор“ кој  се наоѓа на улица “Ордан Николов“ бр 70 во Стара битолска чаршија.

Фото: Дамијана Ристевска