Press "Enter" to skip to content

Ојдов, видов, научив… Игор Трајковски – Фоја и Гордана Такец од Битола добитници на “странски награди за екселенција“ во Рим, Италија (фото)

-На 10. издание на настанот “ГРАД ГАЛИТЕО – АНТОНИО ДЕ ФЕРАРИС “– во Организација на здружението за култура “VERBUMLANDI ART“ (“ВЕРБУМЛАНДИ АРТ“) “СТРАНСКИ НАГРАДИ ЗА ЕКСЕЛЕНЦИЈА“, сертификат и златна плакета, добија Игор Трајковски и Гордана Такец од Битола, за интензивната литературна и уметничка работа насочена кон истражување, проучување, настава и културна промоција и на национално и на меѓународно ниво“.На 6. октомври во Рим, Италија, се одржа, љубилејното 10. издание на настанот „ГРАД ГАЛИТЕО – АНТОНИО ДЕ ФЕРАРИС “– во Организација на здружението за култура “VERBUMLANDI ART“ (“ВЕРБУМЛАНДИ АРТ“) предводено од ислучителната поетеса и културен оператор, Регина Реста, која е преседател и директор на ова здружение, кои меѓу многубројните успеси има добиено и признане во вид на златен медал од Италианската влада.-Да се добие награда во престолнината на уметноста Рим, во земјата на Данте Алигери и Леонардо Давинчи, да го слушнете своето име помеѓу толку многу истакнати уметнци, да чуете Македонија помеѓу толку земји во центарот на Рим е неописливо. За прв пат контакт со оваа организација имав преку отворениот конкурс во 2020-тата, кага добив Специјална Награда за поемата „ТИ И ЈАС“ (препеана на српски „ТИ И ЈА“) во вид на сертификат, рече Игор Трајковски, сестран уметник од Битола, кој додаде.-Отогаш па се до денес ја продолжиме соработката, од каде ја имаа во увид целокупната моја работа во областа на уметноста како и меѓународните научни трудови кои сум ги објавил, следствено на сето тоа, оваа година добив награда: МЕЃУНАРОДНА НАГРАДА ЗА ЕКСЕЛЕНЦИЈА „ГРАД ГАЛИТЕО – АНТОНИО ДЕ ФЕРАРИС“ СТРАНСКИ НАГРАДИ ЗА ЕКСЕЛЕНЦИЈА на Игор Трајковски – „За интензивната литературна и уметничка работа насочена кон истражување, проучување, настава и културна промоција и на национално и на меѓународно ниво“ во вид на сертификат и златна плакета.Награда доби и Гордана Такец, а наградата гласи: СТРАНСКИ НАГРАДИ ЗА ЕКСЕЛЕНЦИЈА – Гордана Такец, „За извонредната сила во нејзината интензивна и евокативна лирика, поетско заслепување и мајсторство на зборот“.-Извлекувајќи фудбалска аналогија, во земја во која фудбалот е повеќе од само спорт, морам да кажам дека на овогодинешното издание на „CITY GALILEO – ANTONIO DE FERRARIS“ во Рим забележавме хет-трик на успеси. Тоа беше постигнато затоа што Здружението ЛАТЕРАЛ Битола и организацијата ВЕРБУМЛАНДИ АРТ потпишаа меморандум за соработка. Преку овој меморандум, двете организации ќе се залагаат за меѓусебна промоција, афирмација на уметноста, уметниците и уметничките дела во нашите земји и на меѓународно ниво, вели Игор Трајковски.

“ЛАТЕРАЛ“ Битола ќе работи на афирмација на уметноста, уметничките креации и уметниците, како и вредностите што ги опфаќа ВЕРБУМЛАНДИ АРТ, како кај нас, во регионот, така и пошироко. Организацијата ВЕРБУМЛАНДИ АРТ ќе се залага и за афирмација на уметноста, уметничките креации, уметниците и вредностите што ги прифаќа нашето здружение ЛАТЕРАЛ Битола.

-Како што еднаш рекол Цезар: „Дојдов, видов, победив“. Денеска со гордост можам да изјавам „Дојдов, видов, научив“. Покрај непроценливите лекции што ги стекнав во Рим, морам да признаам дека бев пријатно изненаден од пристапот на институциите кон уметноста. И покрај постојаното нагласување од организаторите, селекторите и учесниците дека е потребна поголема институционална поддршка од властите, јас бев изненаден што настан од ваков обем, во доменот на литературата и уметноста, се одржа со присуство на различни владини претставници, дипломати, професори, адвокати и други достоинственици. Ова додава поинаква димензија на целокупната културна таписерија на една земја. Во иднина, верувам дека треба да биде приоритет за сите нас кои работиме во областа на културата и уметноста активно да инкорпорираме поединци од различни области на експертиза.-Исто така, треба силно да ги повикаме институциите активно да се вклучат во сите форми на уметничко изразување. Само преку заеднички напори и взаемно подобрување можеме ние како уметници и тие како институции да продолжиме да растеме. Сакам да додадам дека бев пријатно изненаден кога на македонски јазик ми пристапија еминентни италијански архитекти и професори и беа запознаени со нашата Битола. Понатаму, ништо од ова не би било можно без поддршката од моето семејство и најблиските пријатели. Секако, благодарност заслужуваат сите познаници и добронамерници кои биле дел од ова патување.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »