Press "Enter" to skip to content

Реми без голови на Пелистер против Скопје под Тумбекафе во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Скопје 0:0

Во рамките на 8. коло од Втората фудбалска лига екипата на Пелистер во Битола, на стадионот “Петар Милошевски“ беше домаќин на Скопје од Скопје, а натпреварот заврши без голови.Екипата на Пелистер реагираше на одлуката на главниот судија да не досуди пенал и за поништен гол, а тренерот доби црвен картон.По осум одиграни кола екипата на Пелистер се наоѓа на 2. место на табелата со 16 бодови, а толку имаат уште екипите на Детонит и Охрид. Прв на табелата е тимот на Беса со 21 бод, а Кожув е на 5. место со 15 бодови.Следува пауза поради натпревари на македонската селекција, а на 21 октомври, екипата на Пелистер гостува кај Арсими.

Фотографии: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »