Press "Enter" to skip to content

Фото вест: ракометарите ги бодреа кошаркарите, се радуваа на секоја “тројка“

Кошаркарскиот клуб Пелистер Таскфорс од Битола ги отвори вратите за сите спортисти кои се натпреваруваат во Битола и го носат дресот на Пелистер во било кој спорт.

Но, тоа не беше единствената причина на трибините во спортската сала да бидат ракометарите на Еурофарм Пелистер, кои останаа во салата по завршувањето на нивниот натревар против екипата на Бутел, а тоа го прават и на други натпревари.

Ракометарите Борзаш, Богдан, Павле, близнаците Атанасијевиќ, Тајник, Суси, Марио, данците Кисум и Нилсен ги бодреа кошаркарите, а искрено се радуваа на секоја постигната тројка, посебно кога се “кршеше“ резултатот. На трибините беше и поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, сегашен битолски зет, Граџан, кој беше во друштво на Фарух и капитенот на “двојката“ Талевски.

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »