Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 23 степени

Денес, понеделник, 9 октомври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ќе се задржи посвежо и претежно претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 23 степени.

Утре, вторник, 10 октомври, во Битола времето ќе биде по студеното утро, во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 25 степени.