Press "Enter" to skip to content

Претседателката на Советот, Габриела Илиевска на “Мармара урбан форум“ во Истанбул

Претседателката на Совет на Општина Битола, Габриела Илиевска, на покана на UN Woman и NALAS , од 3 до 5 октомври присуствуваше на “Мармара урбан форум“ во Истанбул. Мармара урбан форум (МАРУФ) е биенален меѓународен урбан форум организиран од Marmara Municipalities Union.Клучното мото на МАРУФ, кое за прв пат се одржа во Конгресниот центар во Истанбул на 1-3 октомври 2019 година со учество на 250 говорници од 25 земји и 5.540 учесници, беше воспоставено како „Решенија кои развиваат градови“. На ова издание на MARUF главна тема беше “Resilience and Beyond“.Учеството на Илиевска беше во делот, Women’s Leadership for Resilient Communities, при што беше претставена Битола достојно и онака како што прилега на еден урбан град.