Во период на тинејџерските години и адолесценција најголемиот дел сакаат да се осамостојат, но најголемиот број од родителите во нив препознава трансформација од послушно и примерно дете кон непослушно, бунтовно и недисциплинирано дете.
Во тој ризичен период обично може да се јави депресија, или депресивност како емоционална состојба која се карактеризира со состојба на тага, чувство на безвредност, повлеченост, несоница, промена во апетит и намалена концентрација.
Депресија и депресивност
Потребно е да се направи разлика помеѓу поимите ДЕПРЕСИЈА и ДЕПРЕСИВНОСТ. Депресијата е болест, а депресивност е состојба, а не болест.
Депресивноста е најчеста состојба кај тинејџерите и адолесцентите и појава, која не мора да има психопатолошка значајност, таа најчесто е минлива. Карактеристиките на депресивниот тинејџер или адолесцент е што нема мимичка експресија на депресивна возрасна личност. Тој најчесто и не бара емпатија и не се прифаќа себеси како депресивна личност. Може да биде бунтовен, агресивен, непослушен, а под таа „маска“ да се кријат чувствата на депресивност, тага и потиштеност. Во просек се знае дека секој адолесцент во одреден момент од животот, страдал од состојба на депресија, но 70% од нив не добиле соодветен третман и терапија. Доколку тинејџерската депресија не се лечи последиците можат да бидат опасни и да завршат со самоубиство.
Самоубиства кај тинејџерите како резултат на депресија
Доколку депресијата не се лечи најголем дел од тинејџерите посегнуваат по самоубиство. Самоубиствата се трети причински фактори за смртност кај младите луѓе. Истражувањата покажуваат дека после пандемијата бројот на самоубиства е зголемен и во Европа и регионот.
Карактеристики на депресија
Депресија е здравствена состојба која предизвикува одредени психички и физички промени во организмот.
Како се манифестира
Најчести знаци на депресија е тагата, (без некоја сериозна причина), промена на навиките и честа несоница. Но, депресивните тинејџери покажуваат и знаци на екстремна анксиозност, се жалат на болки во стомакот и главоболка, и најчесто посегнуваат по дрога и други психотропни супстанци, алкохол.
Дијагноза на teen – депресија или депресивност
Дијагнозата се темели на должината и траењето на симптомите и влијанието на тие симптоми врз неговото однесување и развој.
Третман на teen – депресија и депресивност
Треба да се знае дака teen – депресијата се лекува. Третманот на лекувањето вклучува лекови против депресијата со која се ублажуваат симптомите. Потоа бихејвиорална терапија која се заснова на разговори или совети со кои се укажува како тинејџерите да се соочуваат и справуват со проблемите. Во суштина постојат повеќе начини за лекување на депресивност како состојба и депресија.
Фармакотерапија: лековите обично ги препишува психијатар и педијатар после неколку дневен детален преглед. (лекови се антидепресиви со серотонин).
Алтернативната медицина препорачува секодневно користење на чај од кантарион со цел ублажување на симптомите од депресија.
Психотерапија; KBT конгенитивно-бихејвиоралната терапија, се покажала како интерперсоналана терпија која дава одличен резултат во лекувањето на депресијата;
Комбиниран третман – психотерапија и фармакотерпија, која се применува при потешки клинички знаци на депресија.
Електроконвулзивна терпија (терапија со елктрошокови – ECT) се применува кај пациенти со суицидни мисли и кога вообичаениот третман не може да даде сериозни резултати.
Механизми на самоконтрола кои се препорачуваат и кои треба да ги применуваат тинејџерите со цел да се елиминираат првичните знаци на депресивност: спортски активности, јога, читање книги на теми кои ги интересираат, слушање музика, позитивна комуникација, добар сон, игра и забава, често излегување во природа и практикување на т.н екотерапија – алтернативна метода која препорачува почесто да се поминува слободно време во активности во природа.