Тркалезна маса на тема “Фрлање на храна” на која се разви дискусија за едукација на населението во склоп на проектот “Поврзување со храна”, финансирани од програмата Еразмус+.Дискусијата се разви во следните партнерски држави: Италија, Грција, Германија, Србија, Северна Македонија и Унгарија.
Во Битола настанот се одржа на 20 септември со почеток во “Порта џез“ и домаќин на настанот беше СФЕРА Интернешнал. На тркалезната маса се дискутираше за развивање на методологија за едуцирање на нашата популација со цел промени во навиките за купување и намалување на фрлањето на храна во домаќинствата.
Проектот е во времетраење од една година, во рамките на проектот беа направени следните активности: “он-лајн“ и физичко анкета на тема фрлање на храна и избор на рецепти што можат да се направат со остатоци на храна, а во следните два месеци ќе се направи календар со рецепти од сите партнерски држави.
Целта на проектот е да ги идентификуваме најдобрите практики во нашата држава за намалување на отпадоците од храна и да ги истражиме навиките на купувачите во нашата држава.

“СФЕРА Интернешнал“ организираше тркалезна маса, поврзување со храна (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: викендов 315 санкции за сообраќајни прекршоци
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 7 степени
- Деновиве пред 10 години: бесплатна мобилна детска градинка за селата во Битола (фото)
- Нова првенствена победа на Пелистер Волеј во Битола, четврта по ред (фотогалерија)
- СВР Битола: ноќеска санкционирани 22 возачи под дејство на алкохол