Денес, четврток, 12 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде по студеното утро, преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 25 степени.
Утре, перок, 13 октомври, во Битола, времето ќе биде утрото студено, преку денот сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 26 степени.