Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер вечерва против ПСЖ, Јовиќ: да играме како со Кил во Битола

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола вечерва во Париз, Франција, игра против ПСЖ во рамките на 4. коло од Лигата на шампионите, а го чека исклучително тешко гостување кај францускиот гигант, но надежта за позитивен резултат секогаш постои. 

Во тимот на “пелистерци“ ќе ги нема Калифа Гедбан, Павле Атанасијевиќ, Денис Васиљев и Дарко Стевановиќ, а тренерот Александар Јовиќ за вечерашниот натпревар вели:

-Играме против екстра квалитетна екипа, нè чека тежок натпревар и одлична можност за промоција за клубот и градот. Ќе направиме сè да се прикажеме во најдобро светло. Играме против екипа која редовно игра на „фајнал-фор“ на Лигата на шампионите.  ПСЖ преферира брза игра, имаат одлилна транзиција, но ние ќе се обидеме да наметнеме наша игра. Како што игравме и против Кил, ќе пробаме да ги сведеме на што е можно помалку голови. Нè радува што евидентно растеме и ова е одлична можност тоа да го потврдиме.

Францускиот првак нема да има скоро никакви проблеми околу составот и ќе го започне натпреварот со најсилната можна постава. ПСЖ во моментов има четири бода, додека Еурофарм Пелистер е  уште без бодови во елитното натпреварување на ЕХФ.

Почетокот на дуелот помеѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер е закажан за 20:45 часот. 

More from ВестиMore posts in Вести »