Со усвојувањето на новиот Правилник за донаторски проекти на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола се создадени формално правни услови за започнување на проектот УКЛО Мрежа.
УКЛО објави Повик до сите заинтересирани да се приклучат кон УКЛО Мрежата https://uklo.edu.mk/uklomrezha.
УКЛО мрежатa е платформа за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и истакнати организации и поединци.
Преку УКЛО мрежата заинтерсираните факултети, институти, школи и другите членки на Универзитетот како и истакнати организации или поединци, активни во заедницата, науката и истражувањата, може да подготвуваат и аплицираат за проекти во партнерство со УКЛО, како носители или партнери на проектот, да подготвуваат заеднички предлог проекти со вработените на УКЛО, да објавуваат научни и стручни трудови со афилијација или ко-афилијација на УКЛО и рамноправно со вработените и студентите на УКЛО, да учествуваат во можностите за доделување награди, надоместоци и признанија за научни трудови и активности.
Членовите на УКЛО Мрежата склучуваат Меморандум за соработка со УКЛО.
Пријавите за членство во УКЛО Мрежата се поднесуваат на следниот формулар
Ќе бидат контактирани само оние подносители кои ќе бидат одобрени за членство во УКЛО Мрежата.