Синоќа во Битола, во свечената сала на “Офицерски дом во Битола со одличен концерт беше затворено 32. издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“.Чест да го затворат 32. издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“ имаа австрискиот виолинист Гернот Винишхофер и украинскиот пијанист Денис Јаворскиј, кој на публиката и подарија одличен концерт.
Инаку, во изминатите денови дена во Битола 32. по ред издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“ се одржа на сцените во НУ Центар за култура, НУ Народен театар и Офицерски дом, каде пред многу публика, настапија врвни уметници кои во Битола дојдоа од осум земји.
Годинашниот “Интерфест“ беше збогатен и со ликовната изложба, поетската вечер, и трибина во организација на МНД Битола.
Инаку, на свеченото отворање на “Интерфест“ беше изведена операта “Рита“ на Гаетано Доницени, во изведба на Националната установа “Опера и балет“, под диригентство на Иван Еминовиќ.
Одличен настап во преполната сала на Центарот за култура во Битола одржа пријателот на македонската песна, јапонскиот оперски првенец, Казухиро Котецу.

Свечено затворено, годинашното, 32. издание на “Интерфест“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Заврши “Политичка академија 2023“ на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола
- Во Битола облачно со врнежи од дожд, температурата до 6 степени
- СВР Битола: пријава за напад од две лица, каснување од куче скитник
- Завршен настан од проектот „Намалување на дигиталната сиромаштија“ (фото)
- Библиотеката од Битола дел од “16 дена активизам за спречување на насилство“
More from КултураMore posts in Култура »
- Култните “Лајбах“ – авангардно спектакуларен концерт во Центар за култура во Битола (фотогалерија)
- Со концерт на “Tales from the box“ започна 15. издание на Фестивалот на музика од светот (фотогалерија)
- Епска вечер и културна фузијa во Центарот за култура во Битола во рамки на “Олабај на Фестивал музика од светот“ (фотогалерија)
- Библиотеката во Битола го одбележа Светскиот ден на детето
- “Музика од светот“ по 15. пат во Битола, годинава култната група “Лајбах“ во Центар за култура(фото)“Музика од светот“ по 15. пат во Битола, годинава култната група “Лајбах“ во Центар за култура(фото)