Press "Enter" to skip to content

Извршена жребката за одбојкарската сезона 2023/24, Пелистер Волеј стартува во Битола

По состанок со клубовите во организација на Одбојкарската федерација на Македонија на која уествуваше и Пелистер Волеј од Битола, беше  беше извршена ждрпка за сезоната 2023/24 која започнува следната сабота на 21.10.2023.

Екипата на Пелистер Волеј оваа сезова ја започнува со јасна цел, враќање во Првата одбојкарска лига, а на стартот на сезоната во Битола ја пречекува екипата на Фламинго Волеј, и во 2. коло ќе играат домашен натпревар, против екипата на Ускана.

“Пелистерки“ во есенскиот дел ќе играат девет натпревари, пет пати ќе играат дома, на свој терен во салата на Медицинско училиште во Битола, а ќе гостуваат четири пати.

 
Распоред за есенскиот дел од првенството, за Втора Државна Лига на Македонија – жени:

1. (21.10) Пелистер Волеј – Фламинго Волеј

2. (28.10) Пелистер Волеј – Ускана

3. (04.11) Универзитет Тетово – Пелистер Волеј

4. (11.11) Пелистер Волеј – Газели Волеј

5. (18.11) Бами Кор – Пелистер Волеј

6. (25.11) Пелистер Волеј – Виктори Волеј

7. (02.12) Куманово – Пелистер Волеј

8. (09.12) Пелистер Волеј – Форца Волеј

9. (16.12) Македонија Макс – Пелистер Волеј