Еурофарм Пелистер – Прилеп 42:29 (18:14)
Спортска сала “Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 300
Судии: Сашо Јанкулоски и Мартин Јовановски.
Еурофарм Пелистер: Гедбан, Кизиќ, Цехте 3, Кузманоски 3, Кисум 1, Борзаш, Танкоски 1, Костески 9, Нилсен, Петровиќ 5, Пет. Атанасијевиќ 7, Васиљев 2, Ѓорговски 9, Пешевски, Пав. Атанасијевиќ 2, Стеванович.
Прилеп: Ацевски, Ангелески, Јордановски, Кастратовиќ 2, Рајатовски 3, Адамчески 1, Бикоски 3, Крстески, Велески 1, Бурчески 1, Квастек 10, Цветаноски, Шабановиќ 2, Имнадѕе 1, Трајкоски 5.Еурофарм Пелистер во Битола, на домашен терен забележа нова победа и прокнижи нови бодови, победувајќи го Прилеп со резултат 42:29, полувреме 18:14.
Екипата на Прилеп ја води Божидар Мојсов од Битола.
Во овој натпревар Јовиќ и Шундовски ги однорија Борзаш, Лесјак, Тајник, Сери, Радовојевиќ, Нилсен…
Уште од стартот победникот беше познат, а по водството од 2:0, потоа 5:2. Прилеп само во еден наврат дојде на -1 во првиот дел (8:7), а на одмор се отиде со +4 за битолчани, 18:14.
И во второто полувреме разликата меѓу двете екипи беше константно три до четири гола. Беше 25:21, а потоа 31:23. Еурофарм Пелистер дојде и до +10 (38:28), а до крајот резултатот гласеше +13 (42:29.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Ненад Костески и Емилијан Ѓорговски со по 9 постигнати гола, Петар Атанасијевиќ 7, а Павле Петровиќ 5.
Фото: Дамијана Ристевска