Press "Enter" to skip to content

Фото вест: влезната порта на Еврејските гробишта во Битола во боите на Израел

Вечерва, точно во 21 часот, Портата на Еврејските гробишта во Битола “светна“ во боите на Израел, односно на неа беше со светлосни ефекти “поставено“ знамето на Израел.По тој повод универзитетскиот професор д-р Пеце Николовски од Битола рече:-Во кординација со  поранешниот амбасадор на државата Изреал во нашата земја, Дан Орјан, и нашата соограѓанка која што живее во Изреал, Шели Леви Друмер, Еврејска заедница на нашата држава и нејзиниот претседател Пепо Леви, денес на споменикот – Еврејските гробишта во нашиот град како по примерот на многу познати знаменитости од многу познати европски и светски метрополи го осветливме во боите на знамето на државата Изреал како еден симболичен гест на морална подршка за граѓаните на Изреал и додаде:-Ние како битолчани ја имаме таа морална обврска со оглед на фактот што голем број на денешните граѓани на Изреал се потомци од 3.351 битолски евреи кој на 11 март 1943 беа депортирани во логорот Требника и врз нив беше извршен актот на геноцит, а сите тие многу придонесоа за денешниот културен економски и општествен изглед и развој на денешна Битола. Затоа со овај гест сакаме да им порачаме, дека ние граѓаните на Битола во овие тешки моменти за нив, сме со граѓаните на Изреал.