Press "Enter" to skip to content

Трибина на НСДП во Битола: 18 години НСДП, 18 години борба, заложби и политики за социјална правда и работнички права (фото)

Во Народниот театар во Битола се одржа трибина на НСДП, насловена како поводот, 18 години НСДП, 18 години борба, заложби и политики за социјална правда и работнички права. Говорници на трибината беа членот на извршниот одбор на НСДП и директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор – Зоран Ѓеоргиев, потпретседателот на партијата и директор на правниот сектор во РЕК “Битола“ – Драги Крстев, потпретседателката и пратеничка во Собранието – Соња Мираковска, генералниот секретар на НСДП и заменик генерален секретар во Собранието – Мики Милковски и претседателот на партијата и потпретседател на Собранието – Горан Мисовски.Избрани се нови раководства во 25 општински организации и тој процес непрекинато течи, беше речено на трибинатаи тоа дека телата и органите на партијата функционираат со пол капацитет и  дека носат политички одлуки значајни за граѓаните.Соња Мираковска, пратеничка во Собранието на Македонија зборуваше за законите, за она што било и нивна иницијатива преточено во законско решение. Директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Зоран Ѓеоргиев, зборуваше за изградбата на социјалните станови. Директорот на правната служба во РЕК “Битола“  Драги Крстев за енергетската криза и таа да не биде на товар на граѓаните.Претседателот на партијата Горан Мисовски, актуелен потпретедател на Парламенот, зборуваше за политиките што ги води партијата како коалиционен партнер, што се се презема во интерес на граѓаните и за законите кои се носат во Собранието и тоа дека се подготвува Конгресот на младината, за Конференцијата на организацијата на жените во НСДП, и дека се во тек подготовки за прослава на полнолетството на партијата, 18. роденден.На трибината беа присутни и претставници на коалиционите партии од Битола, а говорниците одговараа и на прашања поствени од присутните.