Press "Enter" to skip to content

Ѓуро Илиќ од Битола со највисоко звање во џиу-џицу, црвен појас 9-ти Дан (фотогалерија)

Познатиот Ѓуро Илиќ од Битола, спортист, џудист, спортски работник… е побогат за уште едно врвно признание, кое се доделува во традиционалните боречки вештини, а се доделува за исклучителни резултати. Илиќ во Белград го доби највисокото звање во традиционалната вештина џиу-џицу, а тоа е џрвен појас 9-ти Дан, кое ми е доделено од страна на „Ол Јапoнија будо асоцијацијата” (All Japan budo assocation), а лично му го додели светски познатиот мајстор, Матсуфине Азами (Matsufune Azami).-По неколку договарања и одложувања конечно во Белград, Србија ми е доделено ова признание кои е само уште една потврда на мојата работа во традиционалните боречки вештини. Посебно ми е мило што тоа се случи во Белград, во саката на моите пријатели кои ги води Ана Врачаревиќ, ќерка на Љубомир Врачаревиќ, со кои имаме огромна соработка и заеднички минат труд, ни рече Ѓуро Илиќ по добивањето на ова големо признание.

Иако скромноста на овие спортисти е нивна подобра страна, Илиќ “заборави“ да спомене и тоа дека ова е единствен 9-ти дан во нашата земја.Инаку, на семинарот учествуваа претставници од Јапонија, САД, Србија, Македонија, Италија, Црна Гора, Холандија и Шпанија.Екипата од Битола се претстави во најдобро светло за што доби одлично оценки од сите гости на семинарот во Белград.

More from ВестиMore posts in Вести »