Press "Enter" to skip to content

Пелистер Таскфорс го договори Андреј Магдевски, супер засилување во Битола пред натпреварот со МЗТ

В среда во Битола кошакрите на Пелистер Таскфорс ги очекува дерби натпревар против МЗТ, а тренерот на Дарко Радуловиќ на располагање ќе го има и најновото засилување.

Пелистер Таскфорс се уште го комплетира тимот за оваа сезона, а најново засилување е репрезентативецот Андреј Магдевски кој потпиша едногодишен договор и денес доаѓа на да стави потпис на договорот во Битола.

Андреј Магдевски иако сезоната е започната немаше клуб, а во Битола доаѓа од холандскиот Донар, каде не доби продолжување на соработката иако беше меѓу најдобрите кошаркари на оваа екипа минатата сезона. Магдевски настапувал за МЗТ Скопје, Партизан, Аксарквија, Плоешти, Гостивар и Фени Индустри.

Магдевски ќе има само две дена за прилагодување во Битола, а  веројатно ќе дебирира  во дербито против МЗТ Скопје, в среда попладне во „Боро Чурлевски“ во Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »