Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведувања заради марихуана, сообраќајка на “Партизанска“, каснување од куче скитник

На 16.10.2023 на ул. “Народни Херои“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност и Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 32 и 39 години, двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.10.2023 во 17.47 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Партизанска“ во  Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 20 годишник од Битола и патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 19 годишник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 57 годишникот од Битола, сопатник во возилото „мерцедес“, а со телесни повреди се здобиле возачот на “голфот“ и  сопатникот во неговото возило, 21 годишно лице од село Велгошти, охридско. Увид извршила екипа на СВР Битола.

На 16.10.2023 во СВР Битола, Н.М. (34) од Битола пријавил дека на ул. “Широк Сокак“во Битола бил каснат од куче скитник.