Press "Enter" to skip to content

Уште едно засилување на Пелистер Таскфорс, Стефан Мијовиќ доаѓа во Битола

Кошаркарскиот клуб Пелистер Таскфорс од Битола се пофали со уште засилување, пред дербито со екипата на МЗТ Скопје кое ќе се игра утре во Битола, во салата “Боро Чурлевски“.

Во Битола треба да пристигне Стефан Мијовиќ, кој се согласил да потпише за вицешампионот на Македонија. Се работи за 28-годишен босански интернационалец, висок 197 сантиметри и прилагодлив на повеќе позиции во тимот. Мијовиќ минатата сезона ја мина во Унгарија, каде за Хонвед имаше 15,6 поени, 5 скока и 2,5 асистенции по натпревар, Пред настапите во Унгарија, Мијовиќ играше за Леотар, Младост Мркоњич Град и Рогашка.

Пелистер Таскфорс за оваа сезона се засили со американски засилувања Килинг, Бернард и Банди, а дојдоа и  Костоски, Стојановски и Хот. Последно засилување беше Андреј Магдевски. 

More from СпортMore posts in Спорт »