Денес, петок, 20 октомври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и потопло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 28 степени.
Утре, сабота, 21 октомври, во Битола времето ќе биде претпладне со подолги сончеви периоди и топло, попладне облачноста од запад ќе се зголемува. Ќе дува умерен, на повеќе места засилен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 27 степени.