-На крајот од програмата која ја изведоа ученици од сите одделенија директорот Никола Пискачев и целиот учителски кадар на бината, заедно со учениците извадија транспарент на кој пишуваше “ОУ Стив Наумов“ заслужува спортска сала.Основното училиште “Стив Наумов“ од Битола денес го големата сала на Центарот за култура која беше исполнета до последно столче, ја одржа централната манифестација во одбележувањето на патрониот празник.
Со оваа приредба и сите останати активности се одбележуваа и два значајни датуми, 103 години од раѓањето и 81 година од смртта на народниот херој Стив Наумов.Централната манифестација, односно, свечена пригодна програма, започна со гомел кунзулски бал на улениците, а потоа химната на училиштето ја испеаја заедно Ламбе Алабаковски и професорката по музичко образование Фросина Малаковска.
На присутите им се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој им го честита патрониот празник на учениците и наставниот кадар и рече:
-Чест ми е да присуствувам на оваа манифестација за која се надевам дека ќе продолжи во стилот на конзулскиот бал. Посебно ме радува тоа што можам да му го честитам патрониот празник на училиштето кое го носи името на нашиот народен херој Стив Наумов. Достојна почит на неговото херојско дело му оддаваме и денес преку потсетување на неговото херојско дело, но и да направиме и нешто повеќе за училиштето кое го носи неговото име. Ова е училиште за кое ние како локална самоуправа му даваме поддршка да се подобрат условите за работа и енергетста ефикасност, преку проектот ЕУ за чист воздух. Ја поздравувам и работата на раководството за обезбедување проектна документација за енергестка ефокасна фасада. Како градоначалник целосно го поддржувам мотото под кое се одбележува патрониот празник и верувам дека ваквиот начин на работа постевен на нашите најмлади ќе овозможи подобри услови за настава и физичка активност на учениците.
Директорот на училиштето, Никола Пискачев, рече:
-Ако зборуваме за минатото, за херојството на Стив Наумов, нас можеби ќе ни требаат денови и денови. Она што го направи Стив Наумов е херојски чин, нешто што е највозвишено, го даде животот за слобода која ја уживаме сега ние во слободна и независна Република Македонија. Но што се сегашноста и иднината. Ние сме сведоци на тоа што не напуштаат голем број на школовани кадри. Но треба да наоравиме нешто овие дека да бидат тука. Патриотизам денес е борба за знаење, борба за нашата држава да биде модерна и европска, борба за подобри услови во секое поле. Само така ќе ги задржиме овие млади кои се идни лекари, инженери, пилоти, спортисти, наставници, занаетчии… кои ни се потребни да се развива нашата држава. Ние се спремиме да бидеме европско училиште, а тоа го правиме секојдневно со вложување во учениците, наставниците да се надоградуваме, за подобро услови.
Директорот на ОУ „Стив Наумов“ од Битола, Никола Пискачев, за оваа прилика истакна дека биле предвидени повеќе активности во текот на целата работна недела, а имале и крводарителска акција организирана од Црвениот Крст, а донатори биле вработените во основното училиште, но и родители и соработници.
Во завршниот дел беше изведен перформанс во која учениците и наставниците на сцената сликовито ги преставија условите како изведуваат настава по физичко образование, кога немаат спортска сала.
За на крај директорот заедно со наставниците, професорите по физичко образование и учениците кои членуваат и настапуваат за битолските младински екипи во сите спортови истакна транспарент “ОУ “Стив Наумов заслужува спортска сала“.
Во заокружувањето на актовностите за одбележување на патрониот празник ќе следуваат состаноци со сите помагатели на училиштето, доделување на благодарници за нивната досегашна поддршка и помош, но и благодарност за препознавањето на квалитетот кој се гради низ годините и заедничкото инвестирање во истиот.
С.Ристевски