Press "Enter" to skip to content

Расчистени шест тешки кражби во битолско, приведени четири лица, предметите вратени на сопственикот

На 19.10.2023 во село Могила, битолско, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода  четири лица на возраст од 50, 40, 48 и 34 години сите од Могила, поради сомнение дека извршиле шест кривични дела „тешка кражба“, информира портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова.
 
-При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби извршени во земјоделски комбинат во с.Радобор, општина Могила. Пронајденото било вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во Полициската станица Битола. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, вели Стаматова.