Press "Enter" to skip to content

Само реми, за бод, на Пелистер на гостувањето кај Арсими

Арсими – Пелистер 1:1 (о:1)

Денеска се одигра сите натпревари од 9. коло во Втората македонска фудбалска лига, а екипата на Пелистер од Битола гостуваше во село Голема Речица, кај екипата на Арсими, и одигра нерешено 1:1, полувреме 0:1.

Во 45. минута од натпреварот по едно лошо додавање на домашната одбрана во шестнаесетникот Христов одлично реагираше, ја погоди противичката мрежа за водство од 1:0.

Во 70. минита лоша реакција на одбраната на Пелистер, која екипата на Арсими ја искористи за израмнување на резултатот 1:1, што беше и конечен резултат.

По 9. кола екипата на Пелистер има 18 бодови, и од 2. место падна на 4. место на табелата. Лидер на табелата е Беса Добридол со 22 бода, второпласирана е екипата на Охрид со 19 бода, колку има и третопласираната екипа на Детонит.

Веќево среда се игра 1/8 финалето од Купот на Македонија, а Пелистер во Битола игра против екипата на Тиквеш во 14 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »