Во Битола во организација на ГАУС Институтот од Битола се одржа завршната конференција на проектот Зголемување на вработеноста преку претприемништво во циркуларната економија – “БЕЦиркулар“, финансиран од ИПА Интеррег Програмата за погранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“.Проектот “БЕЦиркулар“ имаше задача да го промовира концептот на циркуларната економија како шанса за отворање на зелени работни места.
Циркуларната економија е модел на производство и потрошувачка на производи, кој вклучува споделување, лизинг, повторна употреба, поправка, обновување и рециклирање на постоечките материјали и производи што е можно подолго. На овој начин се продолжува животниот циклус на производот. Во пракса, тоа значи намалување на отпадот на минимум.
Во проектот “БЕЦиркулер“ младите (студенти, средношколци, вработени, невработени) беа стимулирани да генерираат бизнис идеи во сферата на циркуларната економија од кои би се развиле бизниси кои би воделе до намалување на отпадот и отворање нови зелени работни места.
Во рамките на Завршната конференција се промовира првата книга на македонски јазик посветена на циркуларната економија – Управување со промени во циркуларна економија преку циркуларни (бизнис) модели од авторките проф. д-р Рената Петревска Нечкоска, и проф. д-р Мимоза Богданоска Јовановска.
Се промовира и софтвер и промотивно видео – becircular.eu кој за првпат во нашата држава и регионот го промовира циркуларниот концепт “Изнајмите (не купувајте) се што ви треба“.
Се презентираа и серија други активности кои партнерите ГАУС Институт – Битола и ЗМАИ – Скопје од Република Северна Македонија и DYADIMA и CLUBE од Грција ги реализираа во проектот.
На завршната конференција учествуваа сите засегнати страни во процесите на циркуларната економија во регионот, и претставници на други релевантни проекти од Интеррег ИПА програмите на Европската Унија.
На почетокот на конференцијата Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ги поздрави учесниците и ја нагласи улогата што знаењето, образованието и доживотното учење ја имаат во овозможување на процесите на циркуларната економија.
При тоа ја афирмира поддршката што ја дава универзитетот и нагласи дека во некои предмети веќе се изучуваат теми од циркуларната економија.

Се одржа завршната конференција на проектот “БеЦиркулар“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди
- Борис Гушевски нов студентски лидер на УКЛО Битола
- Градоначалникот Коњановски на панел дискусија во Брисел
- СВР Битола: приведени тројца дилери, тројца малолетници натепани од мајка на нивна соученичка
- Заврши “Политичка академија 2023“ на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола