Еурофарм Пелистер – Вардар 29:25 (18:11)
Еурофарм Пелистер во Битола славеше против Вардар со 29:25, полувреме но “вардарци“ иак0 убедливо поразени се радуваа, бидејќи ако се оди според планот за двете екипи во регуларниот дел, да победат во секој натпревар, ќе пренесат три бода во плеј-офот, а битолчани два. Во последната секунда погоди Дарко Ѓукиќ за -4, и прво место на Вардар на табелата. По поразите во Супер Купот и во првата рунда од Супер лигата, шампионот Еурофарм Пелистер првпат сезонава го совлада тимот на Вардар со 29-25. Вардарци беа немоќни во Битола, а клучен период за триумфот беше стартот на мечот, кога пелистерци поведоа со шест погодоци. Сепак на крајот „црвено-црните“ повеќе се радуваа, бидејќи ако двете екипи победуваат уште на шест меча во регуларниот дел, вардарци ќе пренесат 3 бода во плеј-оф.
По стартот во одлична навивачка атмосфера и почетните 1:1, “пелистерци“ дојоа до 5:1 и тајм-аут за гостите. Но и по минутата одмор Еурофарм Пелистер со одлична игра и се одлепи на плус шест, 7:1. По 9:3 “црвено-црните“ се вратија на 9:5. Но, повторно одлични мунити на Пелистер за +8 (15:7). Потоа Вардар намали на 16:11, потоа 17:11, и на одмор се замина со 18:11.
На стартот на вториот дел Еурофарм Пелистер дојде до највисоки плус девет, 23:14. Вардар намали на 23:16. на десет минути до крајот одново беше плус девет за битолчани. Во последната минута беше 29:24, а Ѓукиќ погоди за 29:25 во последната секунда.
Најдобри стрелци кај Еурофарм Пелистербеа Тајник и Костески со по пет гола, додека по четири погодоци имаа Цехте, Кисум и Васиљев.