Дамијана Ристевска, текст и фото
-Стефанија Алексовска од кугларскиор клуб Пелистер Пин од Битола е прогласена за најдобра кугларка за 2022 година во сениорска конкуренција. Иако има само 19 години Стефанија има најдобар женски резултат во сезоната 2022/23 во Македонската кугларска лига.
-Во моментот нашата битолчанка Стефи е на 100-то место на светската ранг листа што воедно е и најдобар македонски скор.За себе претставување…
-Јас сум Стефанија Алексовска имам 19 години. Пред точно 5 години почнав да се занимавам со куглање. Оваа година одлучив да студурам информатика, а куглањето веќе ми е главна преокупација и вложувам многу енергија како би била подобра технички во мојата игра и секако работам многу на себе за да го издржам психолошкиот притисок кој го имаат кугларските натпревари.Најголема мотивација…
-Најголема мотивација ми е успехот најпрво во мојот клуб, а потоа и успехот на државно ниво. Јас сум прогласена за најдобра кугларка за 2022 година во сениорска конкуренција иако имам само 19 години. Сезоната 2022/23 во Македонската кугларска лига имав најдобар женски резултат. Но, имав и неколку меѓународни настапи и веќе меѓународната сцена е онаа која ме интересира и тоа ме мотивира што повеќе да тренирам за да стигнам до најдобрите светски кугларки. Во моментот сум на 100-то место на светската ранг листа што воедно е и најдобар македонски скор.Подготовкте за ‘’NBC Купот“ во Хрватска…
-Подготовките беа како и за секое големо натпреварување. Ми помогнаа многу моите настапи на меѓународни турнири во Србија и Босна и Херцеговина, а секако клучна улога имаше мојот настап на Светскиот Куп во Ријека. Тренинзите ги водам со мојот тренер Игор Михајловски кој во целокупниот тренажен процес многу ми помага.
За твојот личен рекорд, но и четврт најдобар резултат од сите учесници на турнирот од 594 соборени дрва…
-Првиот впечаток за кугланата во Славонски Брод ми беше дека е тешка. Тешка бидејќи ги споредував резултатите кои ги имаа македонските машки куглари од Пелистер и ГТЦ. Не очекував да дојдам до толкава цифра, бидејќи и моите девојки во клубот куглаа прилично тешко. Но, се поклопија коцките, бев во полна концентрацика, одморена, свежа и желна за добра игра, а не толку за резултат. Тренерот беше мој секундант и некако самоуверено изиграв прв сет. Кога видов дека можам да ја наметнам сопствената игра, беше многу лесно. И искрено ми е криво што немав поголем резултат, пропуштив некои зицери, но адреналинот си го направи своето. Иако ми е личен рекорд знам дека можев барем уште 20-тина дрва повеќе.Твоја најголема поддршка…
-Мојата најголема поддршка се дефинитивно моето семејство особено мојата мајка која неизмерно веруваше во мене од почетокот до денес, мојот тренер кој ми обезбедува секогаш идеални услови во овие тешки времиња и секако моите чупињата од клубот. Без нив и нивната поддршка мислам дека не би била тука каде што сум сега.Како ја гледаш твојата кариера понатаму…
-Мојата кариера ја гледам како успешен спортист со многу поголеми цифри, па можеби некогаш и како светски првак. Најголема мотивација ми е успехот тоа ме мотивира што повеќе да тренирам и да стигнам до одредена цел.