Press "Enter" to skip to content

Фото вест: тренерите и ракометарите пред “Чкембарите“, Стерјев повика да помине нервозата, утрешниот ден попаметен од денешниот

И по повеќе од половина час по завршувањето натпреварот во Битола во салата “Боро Чурлевски“  навивачката група “Чкембари“ и дел од публиката останаа во салата, а потоа на паркетот излегоа тренерите и ракометарите и претседателот Зоран Стерјев.По исвиркувањето на ракометарите од страна на навивачите, им рекоа дека ја имаа целосната поддршка пред натпреварот, им беа поставени многу прашања на тренерите, беа пофалени одбраните на Гедбан, но прашаа како ќе ја продолжат сезоната, која за нив е изгубена, и беа побарани оставки.На навивачите им се обрати престедателот на клубот, Зоран Стерјев, кој им порача дека сите се нервозни и дека утрешниот дел е попаметен од денешниот, по што навивачите си заминаа, но кај нив како рекоа остана длабока болка од победата во Битола, која ја доживеја како пораз.

С.Ристевски