Press "Enter" to skip to content

Стартува “Политичка академија 2023“ во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола (фотогалерија)

Вечерва во “Кино Манаки“ во Битола започна со работа “Политичка академија 2023“ во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Битола, на која присуствуваа голем број на млади.Покрај младите присутни беа градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, пратеничката во македонскиот парламент и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Олга Лозановска, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола – Пеце Милевски, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – Сергеј Попов, поранешни претседатели на УМС на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, предводници на партиските тела…Присутните на отворањето на Академијата ги поздрави градоначалникот на Битола – Тони Коњановски кој рече:-Голема чест е да се биде вечерва со вас, младите, веднаш по денот на формирањето на Организацијата, кога одбележуваме  120 години од Илинденското востание. На некој начин сите настани вчера и денес кај мене будат некаква симболика. Она што денес е темата на која ќе зборува Александар Јаневски, заедно со изложбата на фотографии и промоцијата на книгата “Фитилот догорува“, се дел од празнувањето. Меѓутоа најзначајно од се што ќе се случува вечерва, сте вие, младите кои  сте предвесници на пролетта која доаѓа во 2024 година. Вие сте силата која ќе ја донесе победата на следните парламентарни и претседателски избори, вие сте нашата надеж, нашата иднина, во вас е сета сила, а ние повозрасните само ќе ви дадеме поддршка, да ве поткрепиме, да бидеме сплотени, да не се двоиме меѓусебе. Се наоѓаме на крајот на ѕидот, нема повеќе каде, се работи за вашата иднина. Драго ми е што сте тука, сте останале во државата, која заедно треба да ја градиме.За оваа идеја и реализација на политичката академија, Мартив Ивановски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Битола, на отворањето, откако ги поздрави присутните рече:-Сакам прво да се заблагодарам на сите млади лица кои се приклучија на оваа политичка академија која во денешно време со напредокот на технологијата, кога се помалку млади се мотивираат да се приклучат во оваа Академија, да се надоградуваат со нови вештини, кои ќе им овозможат личен напредок и развој. Младите повеќе се фокусираат да го поминат своето скапоцено слободно време пред своите компјутери отколку да бидат дел од вакви настани, каде се учи од врвни докажани предавачи. Сите години сме сведоци на недостаток на познавање на политиката, која во пракса ни служи за менаџирање со општествените потреби за нормален живот во 21. век. Тоа незнање не доведе да се наоѓаме рамо до рамо со земјите од третиот свет, како по стандарт и по начинот како живееме. Ситуацијата е престасана за една ваква Академија, преку која ќе се изнедрат кадри кои ќе го сменат текот на водењето на текот на политиката во Македонија.Ивановски за тоа како ќе се одвива Академија додаде:-Ќе трае од 24 октомври до 26 ноември. Ќе има десет модули, на кои ќе предаваат седумнаесет предавачи. Примарна цел е дружењето и поврзувањето на повеќе млади, позитивни, воспитани и пред се добри луѓе, а потоа на ред ќе дојде политиката.Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, кој и официјално за отвори политичката академија рече:-УМС на ВМРО-ДПМНЕ е најорганизираниот и најмасовниот по број на луѓе и политички подмладок со најкомплексна структура кој може да одговори на сите предизвици кои им се потребни на младите луѓе. Република Македонија ќе си вратиме во свои раце, во рацете на народот, во рацете на младите луѓе, кои си сакаат и сакаат да живеат во неа, а не да се иселуваат во странство. Како политички подмладок на патријата која ќе победи на следните избори имаме голема одговорност. Сите веруваме во иста идеја и веруваме во истиот пат кој Република Македонија треба да го оди. Мораме да присуствуваме на вакви обуки и истите да ги организираме се со цел да знаеме како да ги пратиме политичките пораки кон младите луѓе.Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Битола – Пеце Милевски, поранешен претседател на УМС во Битола рече:-Сакам да му се заблагодарам на луѓето кои ја започнаа оваа идеја, го отворија патот на политичките академии во Битола, а дел од нив се тука во публиката. Благодарноста сакам да упатам и кон оваа генерација млади луѓе кои се охрабрија преку овој тип на пренесување на знаење да создадат нешто вистинско и ефективно, да се спротистават на она што го прават некои други подмладоци и други субјекти, ширење на лажни вести, црни кампањи од лажни профили на Фејсбук, лошотилок. Не ни треба лоша мисла, не ни треба негативност, ни треба обединетост и позитивност, ни треба вистина и суштина. Вие треба да пренесувате искуство. да создавате идни кадри кои треба да го гледаме на местата на кои сме ние повозрасните. Прв предавач на “Политичка академија 2023“ во Битола беше професорот, Александар Јаневски, со обраќањето кон младите и нивните гости со што и официјално започна работата на акаденијата, при што рече:-Протоколарниот дел ќе го кажам со една реченица. Добра вечер браќа и сестри по идеја, по заклетва врз библијата за ВМРО. Ако нашите прерходници пред кама, револвер и библија се заколнуваа, нам ни останува преку пленарни седници да се сетиме за нивната жртва и да го продолжиме тој животен идеал и да го оствариме во една идна Македонска држава. Има посебна чест да зборувам за нашето минато предание кое е и иднина, за што јас како наставник тоа и го правам.   

С.Ристевски