Press "Enter" to skip to content

Урбан Лесјак: мораме да играме шеесет минути на високо ниво

Вечер во Битола ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола играат против екипата на Киелце во рамките на 6. коло на Лигата на шампионите.  Во пресрет на домашниот натпревар своите очекувања во задолжителната прес конференција, ги изнесе голманот Урбан Лесјак.

-Немаме проблем со мотивацијата пред секој натпревар. Ни доаѓа страшна екипа како Киелце, која со години игра во ист систем и која секогаш има за цел – пласман на „фајнал-фор“. Реков и пред почетокот на сезоната дека од четиринаесет натпревари, ние некого ќе изненадиме. Можеби баш овој натпревар со Киелце ќе биде тој. Сигурно не ги потценуваме, ги почитуваме, со кои играчи и да дојдат, многу се силни. Имаат систем и системот е нивни најсилен адут.  Без шеесет минути на високо ниво во Лигата на шампионите немате шанси. Видовме во Загреб, каде одиграме на високо ниво 40-45 минути. Ззнаеме дека ни фалат тие петнаесет минути, но лесно е тоа така да се каже. Секоја од овие екипи има шеснаесет квалитетни играчи и при секоја замена доаѓа подобар ракометар. Треба да дадеме повеќе срце и емоции и да го надополниме недостатокот на квалитет“, рече Лесјак. 

Натпреварот ќе се игра во вечерниот термин од 20:45 часот во “Боро Чурлевски“.