Press "Enter" to skip to content

Заедничкод делување за почист град, “Нискоградба“ Битола повикува да не се фрла градежниот шут насекаде, туку да се јават да биде отстранет

Деновиве, на повеќе локации во Битола беше затекнато несоодветно одлагање на градежен шут, што негативно се одразува врз животната средина, а претставува и дополнителна причина за создавање диви депонии.

Општинскиот инспекторат и КЈП “Нискоградба“ интервенираа на затекнатите локации, но апелираат до граѓаните на поголема совесност и отстранување на градежниот шут, согласно правилата за постапување со истиот. За таа цел, сите граѓаните кои имаат потреба од оваа услуга, потребно е да се јават во КЈП “Нискоградба“ на телефонските броеви 047221016 или 047233600 и да побараат од претпријатието истиот да биде отстранет. Не е дозволено ниту отстранување на градежен шут со нелиценцирани превозници за оваа дејност, кои понатаму го одлагаат отпадот на локации кои не се предвидени за таа намена, со што се создаваат диви депонии.Доколку, граѓани, забележат фрлање на градежен шут на одредени локации, потребно е за истото да пријават во општинскиот инспекторат на телефонскиот број 075312460.

Навременото постапување е од голема важност за совесно и одговорно делување, затекнатите слики да не се повторуваат, а со тоа и сите заедно да придонесеме за почист град.