Press "Enter" to skip to content

Киелце не дојде лесно до победа во Битола, “пелистерци“ во борба до последна минута (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Киелце 24:21 (8:14)

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер од Битола во рамките на 6. коло од Лигата на шампионите на свој терен во “Боро Чурлевски“ е поразен од Киелце, но само до една минуа до крајот не се предаваа и беа “во игра“ за барем прво реми во оваа сезона во ова натпреварување.Воедно ова беше и прв натпревар на Бранко Ангелевски по тренерските промени во клубот.Киелце преку одличен почеток во поведоа со 2:0 и откако домаќините намалија на 3:2, следуваше серија од 3:0. По 10 минути игра беше 2:6, но продожи да се зголемува минусот на “пелистерци“ и  Ангеловски повика тајм-аут. И по него многи грешки, а трет гол Пелистер го постигна дури во 18. минута за 3:9. Гостите  играа концентрирано и казнуваа, и на полувреме Еурофарм Пелистер имаше -6 (8:14).

Вториот дел започна со добра игра на “пелистерци“, обрани на Лесјак, поподвижна и поцврска одбрана, и серија од 7:2, за 15:16, по 43 минута, на средина на вториот дел. Потоа беше 16:17, а во 48. минута Киелце зголеми на +3 за нив 16:19. Во 50 минута ја вратија неизвесноста откако Тајник реализираше за еден гол негатива, 18:19.До крајот се играше гол за гол и само нијанси одлучуваа каков ќе биде исходот. Келце секогаш успеваше да одржи предност од еден до два гола разлика и до последната секунда успеа да го сочува водството.Најефикасни во Еурофарм Пелистер беа Богдан Радивојевиќ со 6 и Жарко Пешевски со 4 погодоци, а голманот Лесјак запиша 9  одбрани.