Во СИЦ на УКЛО Битола, во рамки на месецот посветен на превенција на рак на дојка, ВМШ и УКЛО организираа едукативна работилницата на тема: “Постоперативна рехабилитација по рак на дојка“. Работилницата опфати неколку презентации од предавачи и волонтери – студенти од ВМШ.Предaвачот, м-р Денис Арсовски говореше за месец октомври, како месец посветен на борбата против ракот на дојка и заложбата на ВМШ и УКЛО да се подигнува свеста кај заедницата со превентивно укажување на важните аспекти на епидемиологијата на ракот на дојка и основните техники за самопроверка.Осврнувајќи се кон темата, предавачот, м-р Даниела Петковска истакна дека постоперативната кинезитерапија треба да биде прилагодена на индивидуалните потреби и игра клучна улога во обновувањето на мобилноста и силата, помагајќи им на пациентите во нивното патување за опоравување по операцијата, при што се презентирани и вежби за зајакнување на мускулите на рамо и горен екстремитет и презентација на вежби по рак на дојка во домашни услови. Кон постоперативната нега и специјализираното бандажирање кои играат витална улога во обезбедувањето оптимално заздравување и удобност за лицата кои се опоравуваат од операција по рак на дојка, стручна презентација одржа предавачот, д-р Ангелка Јанкуловска.И студентите од ВМШ дадоа свој значаен придонес во едукативната работилница. Мелиса Комина говореше за постоперативната рехабилитација за рак на дојка, се фокусира на персонализирани терапии и вежби, промовирајќи физичко и емоционално заздравување за подобрување на целокупната благосостојба на пациентите по операцијата. Саша Оманли ја опфати темата: Лимфедем и мануелна лимфна дренажа по рак на дојка, при што се презентирани точните положби и ефектот од масажата постоперативно, бидејќи, по ракот на дојката, лимфедемот, вообичаен несакан ефект, може да се ублажи преку мануелна лимфна дренажа, терапевтска техника која го промовира лимфниот проток и го намалува отокот.Предaвачот, м-р Денис Арсовски од ВМШ истакна: Преку ова предавање, ние се надеваме за едукација на популацијата, обезбедувајќи информации што ќе им помогнат да го разберат влијанието на оваа болест и како да ја откријат рано. Време е да заедно се бориме и подигнеме свеста за ракот на дојка и да создадеме заедница што ќе биде подготвена и информирана за предизвикот кој го дава оваа болест.
Настанот се одржа во СИЦ на УКЛО, на 26.10.2023 г. и покрај академски кадри и студенти интерес за учество во работилницата покажаа и претставници од здруженија на жени и од пошироката битолска јавност.