Пелистер Волеј – Ускана 3:0
(25:19; 25:18; 25:19)
Во дерби натпреварот во Битола помеѓу Пелистер Волеј и конкурентот за влез во Првата лига, екипата на Ускана, “пелистерки“ имаа маестрално издание, во натпревар од 2. коло на Државната втора игра.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски за денешниот натпревар рече:
-Голема победа со која покажавме дека јасни беа намерите на нашиот клуб за голем исчекор кон врвот и она што го најавуваа нашите тренери и целата екипа, се исполни во целост. Натпреварот тргна доста динамично со долги и убави поени, нашите девојки полесно ја остваруваа целта во освојувањето на поени кон крајот на секој сет, во една шаренолика игра што ја направи оваа победа убава и интересна за бројната публика, која несомнено беше наша најголем поддршка и секако благодариме за тоа, и додаде:-Сите одбојкарки ја оправдаа довербата и го дадоа својот максимум, гинеа и се бореа за секоја топка во теренот, што на крај едноставно беше невозможно да не се ефектуира со максимална победа од 3:0.
Поените денес ги освоија: Ивана Белокозовска 15, Стефани Најдановска 13, Софија Проковиќ 9. Лиле Лозановска 5, Меланија Каралиоска 4, Билјана Јаковлевска 3 и Христина Трајчевска 1.
Фото: Дамијана Ристевска