Охрид – Пелистер 1:3 (1:1)
Во рамките на 10. коло од Втората фудбалска лига на Македонија екипата на Пелистер гостуваше во Охрид кај истоимената екипа и од таму во Битола се врати со три бода, со кои се врати на 2. место на второлигашката табела.
Охрид поведе со 1:0 во 24. минута, а Пелистер израмни во “судиското“ време во првото полувреме преку Христов. Во второто полувреме во 59. минута со голот на Јошевски, Пелистер поведе со 1:2, а третиот гол постигнат за Пелистер повторно беше во “судиското“ време, автогол на домашниот тим.
Така, по 10. одиграни кола екипата на Пелистер е второпласирана со 21 бод, а лидер на табелата е екипата на Беса со 25 бода. Третопасирана е екипата на Детонит со 20 бода, а на четврто место е Охрид со 19.
Во наредното коло екипата на Пелистер го пречекува лидерот на табелата на свој терен, екипата на Беса. Натпреварот ќе се одигра на 4 ноември со почеток во 13 часот.