Приведен крадец во Битола, одземеното вратено на сопственикот Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола денеска (30.10) лишиле од слобода 45 годишник од Битола поради основано сомнение за извршена тешка кражба во угостителски објект во Битола.
Приведениот во службен разговор го признал делото, а пронајдени се и парите што ги одземал и вратени се на сопственикот.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.