Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Екваторски банани од “Сибирска“ Битола

Дека климатските промени си “поигруваат“ со природата, говори и несекојдневниот случај дека во “Сибирска“ Битола почнаа да виреат плодови на Екваторска банана. Ова се случи на улицата “Богомила“ во Битола, во дворот на семејството Вера и Душко Стефановски. -Оваа раскошна банана, како мало стебло ја засадив пред 4 години и еве на прагот на ноември успеавме да добиеме и плодови од банана рече Душко Стефановски кој со своето семејство грижливо ја негуваат засадената банана, кој додаде:

-Покрај тоа што бананата треба секојдневно да се наводнува, важно за неа е како ќе биде заштитена во текот на зимскиот период, бидејќи таа е тропско растение, а во Битола се случува температурата да се спушти и под минус 20 степени. Секако, најважна е зимската заштита, заради што покрај сечењето на големите листови, стеблото од бананата го заштитуваме со слама и прозирна стреч фолија.Во семејната куќа на семејството Стефановски има бројни и разновидни цветни аранжмани од сезонско цвеќе, меѓутоа, како најатрактивна и доминантна е раскошната банана која естетски го разубавува просторот на улицата “Богомила“ во Битола.

Д.Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »