Press "Enter" to skip to content

247 санкции викендот  за сообраќајни прекршоци на територија на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (27/28/29.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 247 возачи, меѓу кои 152 мерки за возење повеќе од дозволената брзина ,32 мерки за возење без возачка дозвола,26 возачи за управување под дејство на алкохол, 3 санкции за непрописно престигнување, 3 санкции за непрописно паркирање…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.