Како дел од „Заедничката глобална иницијатива на СЗО и УНИЦЕФ за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите“, со поддршка на Министерството за здравство, воспоставена е соработка со жени-лидерки од одбрани локални заедници, помагајќи им да ја подигнат јавната свест за важноста на превенцијата и навремениот третман се одржа обука, организирана во Скопје.Претставнички од Општина Битола Снежана Петровска, Фатма Бајрам Аземовска, Жанета Ристевска, Наташа Тодоровска, Ферзије Асановска и Викторија Михајловска беа учесници на настанот и вклучени во Обука на тема: “Зајакнување на вклученоста на заедниците и подигнување на свесност за превенција на менталното здравје на децата, адолесцентите и младите луѓе во Северна Македонија“.
-Ова е одлична можност да се искористи потенцијалот на жените-лидери во заедницата, во една важна област како што е поддршката за подобро ментално здравје на децата и адолесцентите. Веруваме дека тие имаат длабоко разбирање за културната и социјалната динамика во рамките на заедниците во коишто живеат и дека ќе бидат гласни застапници на менталното здравје, смета д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО во Северна Македонија.
Ова беше првата, од последователна низа форуми во заедниците во општините Битола, Карпош (Скопје), Гостивар и Крива Паланка, во текот на 2023 година. Исти активности ќе се изведуваат и во други општини, во текот на 2024. година.

Обука за жени лидери од избраните општини (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер го победи Осогово во Битола за крај на есенскиот дел (фотогалерија)
- Пелистер ги награди најверните и најлојални фудбалери од оваа генерација (фотогалерија)
- Борците на КБК Самурај од Битола освоија 8 медали на “8th BALKANS BEST FIGHTERS JAGODINA 2023“ (фото)
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 5 степени
- Награди за најдобрите за волонтерите за локален волонтерски аражман 2023