На иницијатива на претседателите на Регионалните комори со седиште во Битола и во Прилеп, денес во хотел “Капри“ во Битола, се одржа првиот Форумот за унапредување на економскиот и општествен развој на нашиот регион Пелагонија и Преспа,
На Форумот како прв генералниот настан од овој вид се продискутира за унапредувањето и развој на инфрастуктурата во пелагонискиот плански регион како интегрирана целина во нашата држава и поврзувањето на регионот пошироко.
Како главни теми за дискусија од гостите панелистите се даде осврт на:
-развојот и капацитетот на патната и железничката инфраструктура и формирање на регионален транспортен хаб,
-развојот на гасоводната и енергетска мрежа и потенцијали,
-решавањето на заштитата на животната средина преку реализација на концептот на регионална депонија,
-обезбедување на адекватна работна сила за реализација и ангажман на инфраструктурните проекти и достапни финасиски извори.Форумот го отвори и водеше претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски кој во своето обраќање и изјава за медиумите истакна дека за подобрување на условите за работа на компаниите од Пелагонискиот регион, неопходно е подобрување на патната инфраструктура. Го посочи проблемот на скапиот транспорт за локалните компании кои истите ги прави неконкурентни и токму затоа неопходно е подобрување на патната и железничката инфраструктура.
Како модератор и иницијатор на настанот беше претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Ирена Јакимовска која се осврна на иницијативата за овој форум дека произлезе од сеќавањето од едно друго време кога Пелагонискиот регион беше мошне развиен. Таа посочи дека за првпат после 30 години сите заедно: Комората, владиниот и невладиниот сектор, како и високото образование, јавно дебатираат што е она што треба да ѝ се случи на Пелагонија за да постигне подинамичен развој, дури и за наредните 100 години. Сите компании од Пелагонискиот регион се согласија дека треба да обединување околу развојот на Пелагонија.
На форумот како гости панелисти беа поканети и дадоа придонес кон оваа иницијатива, со цел донесување на релеванти решенија за актуелните предизвици:Јасмина Буневска Талевска – проректор на Универзитетот Св Климет Охридски од Битола која зборуваше за инфраструктурата, состојба и можности за развој, Орде Георгиоски од Витаминка Прилеп кој се осврна на развој на регионалната патна ифраструктура со долго бараните автопатски решенија преку Бабуна, Лазар Гечевски кој го истакна значењето безбедноста и системските решенија во склоп на енергетика и екологија и развојот на енергетската инфраструктура, Ана Мазнев, од Министерството за животна средина која ја презентираше важноста на систем за заштита на животна средина преку развој на регионална депонија, Благица Петрески од FinanceThink кој даде јасна слика за едукацијата и потребата од работна сила и Горан Козаров, директор на Топлификација Битола кој го презентираше конечно реализираниот проект за топлификација на Битола, Могила и Новаци.
На настанот со свое присуство даде придонес и поддршка д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, советник во Кабинетот на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија за економски развој и инфраструктура, која во своето излагање го истакна значењето на оваа манифестација, кој ја почажува реалнта потреба на бизнис секторот во Пелагонискиот регион за развој и раст. Таа апелираше до локалните субјекти, по примерот од Полска, да бидат здружени и да постават амбициозен план за развој за следните 10 години, кој би поттикнал забрзани инфраструктурни инвестиции, а со тоа на подолг рок би се привлекле и повеќе инвестиции од надворешни финансиски извори. Како што им соопшти на присутните следните два дена, почнувајќи од утрешниот ден, во Охрид се одржува владина конференција со градежниот сектор на која ке се разговара за следните капитални предизвици во нашата земја и воедно истакна дека денешните донесени заклучоци од овој Форум ќе бидат изворно пренесени и посочени како приоритети од особено значење за рамномерниот регионален развој.
На крајот од Форумот беа истакнати нацрт начелата на кои ќе се работат приоритетите а тоа се:
Инфраструктурата е императив за развојот; Искористување на природните ресурси за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност; Воспоставување на систем за собирање и обработка на отпадот; Развој на мрежата на магистрални гасоводи Битола-Ресен па до Охрид; и особено битно, најклучна енергија е и највреден ресурс – човечкиот капитал – преструктуирање на образованието и обука на населението.
Претседателите на Регионалните комори со седиште во Прилеп и Битола со завршните зборови им укажаа на присутните дека ова е почеток и дека следуваат уште форум од кои следниот во месец февруари 2024 и конкретен Акциски план за реализација на приоритетите кои им се осебено важни на економскиот, но и општествениот сектор во пелагонискиот регион.
М-р Никола Димковски