Press "Enter" to skip to content

Со видео-спот Сојузот на спортови и Општина Битола ја најавија 65. ноќна трка

Во рамките на активности за одбележување на 4. Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, Сојузот на спортови на Битола и Општина Битола со фото-видео спот ја најавија 65. по ред Ноќна атлетска трка 2022.

Ова Ноќна атлетска трка се одржува по 65. пат и е најстариот спортски настан кој се одржува во Битола.

Како и сите изминати години се очекува на стартот да се појават околу 800 учесници од сите возрасти, основци, средношколци, студенти, вработени, ветерани…

Ноќната трка ќе се одржи, утре, петок, на 3 ноември, со почеток во 18 часот.