Press "Enter" to skip to content

Потпишан контакт договор помеѓу Inner Wheel клубовите од Болоња и Битола (фото)

INNER WHEEL CLUB Bitola на 23.10.2023 потпиша значаен контакт договор за меѓусебна соработка со Inner Wheel Club di Bologna – Distretto 209, со кој продолжи традицијата за проширување на Инер Вил пријателствата надвор од границите на нашата држава на Иннер  вил клубот Битола.Потпишувањето се одржа во пријатна и емотивна атмосфера во центарот на прекрасната Болоња.  На состанокот беше присутна претседателката на Дистрикт 209, Anna Rita D’Alessandro,  член на интернационалниот борд na Inner Wheel – Cinzia Tomatis, поранешната претседателка на Дистрикт 209 – Lilly Passini. Од Инер Вил клубот Битола беше присутна претседателката Марина Спировска, националниот координатор на Дистрикт 255 – Зора Симјановска, членови на Дистрикт 255  Лела Ацевска, Кети Чаламани Бабовска и Виолета Милошевска и членки на  клубот.Инаку, Inner Wheel е меѓународна женска организација која промовира  создавање пријателство, услуги и разбирање. Има клубови во над 100 земји со над 100.000 членови, а основана е во Манчестер. Тесно е поврзани со Ротари Организацијата бидејќи е составена од сопругите на членовите на ротари клубовите.Во Македонија има 5 клубови, кои се поврзани во Дистрикт 255. Иннер  вил клубот Битола, несебично работи за подобрување на  Мисијата на Inner Wheel International:  промовира акции, услуги и добри практики, наменети за подобрување на животот претежно на жените и децата во земјата, со поддршка на сите членки кои доброволно  донираат посветеност и љубов кон заедницата.Повеќе на:

https://www.facebook.com/profile.php?id=100079398707908

https://www.facebook.com/Internetionalinnerwheeldistrictmacedonia/

More from ВестиMore posts in Вести »