Press "Enter" to skip to content

Бизнис академија Смилевски – БАС со уште една студиска програма, стратегиски менаџмент за човечки ресурси (фото)

Бизнис академија Смилевски – БАС, Скопје почетокот на оваа академска година на ПДС, покрај со веќе постоечката програма по СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ го започна и со уште една студиска програма СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ, на двете локации во Скопје и Битола.На двете студиски програми настава ќе реализираат вкупно   84  студенти СО ШТО Е ИСПОЛНЕТА КВОТАТА на запишани студенти за оваа година на двете студиски програми во Битола и Скопје.  -Постдипломските студии се период на интензивно учење и истражување. Ние сме тука да ви помогнеме да го развиете вашиот потенцијал и да стекнете нови знаења и вештини. Ние сме горди на нашите професори и ресурси, кои ќе ви помогнат во овој образовен процес. Во следните месеци , ќе работиме заедно како еден тим, за да ги постигнеме вашата образовна и кариерена цел. Отворени сме за дијалог и соработка, и ве покануваме да се ангажирате активно во наставниот процес – беа зборовите на раководителот на вториот циклус на студии на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска. Како носител на програмата таа ги запозна присутните ( на двете локации ) со современите концепти од оваа област кои ќе им помогнат на студентите на оваа програма  да:-Ги следат промените и трендовите од оваа област и да ги имплементираат во конкретна организација;

-Да бидат во тек со новата технологија и новите производни концепти;

-Да стекнат вештини за создавање на додадена вредност на организацијата преку своите човечки ресурси кои ќе ја обезбедат нејзината конкурентска предност на пазарот;

-Да ги променуваат вредностите со новиот работен и животен стил и сл.Проф. д-р Лидија Стефановска ја презентираше програмата по СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ.Преку студиската програма по стратегиски  менаџмент студентите ќе научат успешно да: планираат, организираат, делегираат и контролираат процеси, активности и луѓе. Покрај ќе ги развијат и своите вештини за: истражување и анализа на пазарот и окружувањето; изработка на деловна стратегија и бизнис план; воспоставување системи на комуникација во организацијата; успешно ги решавање конфликтите; планирање и организирање продажбата; вработување, мотивирање и поставување на вистинските вработени на правото место  и сл.На првиот академски час на присутните им се обрати проф. д-р Цветко Смилевски – еден од основачите на БАС во Битола  и проф. д-р Маја Кузмановска – директор на БАС во Скопје, како и сите присутни професори кои ќе реализираат настава во оваа академска година.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »