Press "Enter" to skip to content

Во Битола облачно и посвежо со врнежи од дожд

Денес, сабота, 4 ноември во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеорлошки работи времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува и врнежите ќе престануваат. Максималната температура во Битола до 15 степени.

Утре, недела, 5 ноември, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец. Максималната температура во Битола до 22 степени.