По повод 4. Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, како гости во нашиот град се делегации на збратимените градови Епинал, Пожаревац и Осиек.Делегациите на збратимените градови денешниот празничен ден го започнаа со положување на цвеќе на споменикот на НОАВМ, споменикот на народниот херој Стив Наумов и Партизанските гробишта во Битола.
Потоа следуваше и прошетка по Широк Сокак каде беа предводени од своите домаќини, градоначалникот Коњановски и дел од советниците од Советот на Општина Битола.
За жал поради врнежливото време не можеа подетално да се започнаат со убавините на Широк Сокак, да се напијат кафе на отврорено, но домаќините се потрудија да им го прикажат градот во најдобро светло.
Делегациите на збратимените градови имаа и официјален прием кај градоначалникот, а вечерва ќе присуствуваат на Свечената академија и доделување на 4-то ноемвриските награди.

Фото вест: делегациите на збратимените градови на Битола на прошетка по Широк Сокак
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди
- Борис Гушевски нов студентски лидер на УКЛО Битола
- Градоначалникот Коњановски на панел дискусија во Брисел
- СВР Битола: приведени тројца дилери, тројца малолетници натепани од мајка на нивна соученичка
- Заврши “Политичка академија 2023“ на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола