Вечерва, во предвечерието на Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември, по 65. пат на Широк Сокак во Битола во организација на Сојузот на спортови на Битола и Општина Битола се одржа традиционалната ноќна атлетска трка, која по повеќе од 15 години убаво време, вечерва се одржа по невреме, и затоа, сите, околу 800 учесници, заслужуваат посебни честитки за храброста да се трча по силен дожд и ветар.Како и изминатите години и годинава битолчани ја видоа и на учествуваа на трка на ниво на високопрофесионални натпревари од ваков вид, а таа е дел од програмата по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола. Стартот беше на Широк Сокак, а според возраста од повеќе места.
На 65 та по ред ноќна атлетска трка, зедоа учество околу 800 учесници и тоа ученици од 4 до 9 одделение од основните училишта и ученици од сите 4 години од средните училишта, како и студенти, а сите трки се одржаа во машка и женска конкуренција. На најстариот спортски настан во градот, зедоа учество и РЕК “Битола“ и Кромберг и Шуберт со машка и женска екипа, како и други граѓани.
Годинава за прв пат во организацијата освен професорите по физичко воспитување се вклучија, како волонтери, извидниците од Битола.
Победниците на трката ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој изрази верување дека ваквите натпревари ќе бидат поттик за што повеќе спортски активности на младите битолчани, а посебно што се натпреваруваат голем број на ученици и граѓани кои со тоа даваат дополнителен придонес за празнувањето на Денес на ослободувањето на градот и го збогатуваат, заедно со другите манифестации.
Претседателот на Сојузот на спортови на Битола, Сашко Павловски пред стартот на трката рече дека ова е 65. трка по ред, а ако оваа најстара спортска манифестација која трае најдолго во Битола, веќе 65 година. Ако помножиме по колку битолчани учествувале секоја година ќе дојдеме до импозантни бројки, а се надева дека организарањето на ова трка ќе помогне за развој на спортот кај младите, а колку е значаен спортот во ова брзо време сите знаеме, за жал вечерва по лошо време.
На традиционалната ноќна атлетска трка, која се одржува во организација на Сојузот на спортови од Битола, во соработка со Сојузот на училишен спорт, а со поддршка од општина Битола, за најдобрите беа доделени златен, сребрен и бронзен медал, за освоено прво, второ и трето место.
Наградите ги доделија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, советничката во Советот на општина Битола, Лидија Павловска и претставници на Сојузот на спортови.
Текст и фото: С. Ристевски