Феникс 2010 – Пелистер 73:80
Кошаркарите на Пелистер од Битола со победата во Скопте против екипата на Феникс 2010 со разултат 80:73, ја забележаа 4. победа по ред и ја продолжија победоносната серија. Натпреварот беше последен од 6. коло во оваа кошаркарска сезона.
Фуриозен почеток имаа кошаркарите на Пелистер на гостувањето во СЦ “Јане Сандански“, посебно во нападот каде сите погодија за три поени. По 5 минути игра “пелистерци“ имаа +8 (8:16), за на крај на четвртината да биде 15:29, или +14 поени. Втората четвртина домаќините ја добија со 27:17, но благодарение на разликата од првиот квартал на одмот Пелистер замина со +4 (42:46).Во продолжението, по одморот од 20 минути, Пелистер имаше постојано водство и по три одиграни четвртини, предноста беше +5 (60:65). Последната четвртина ја добија “пелистерци“, а во тој дел имаа и предност од +10 (66:76). Домашните кошаркари не најдоа начин за резултатски престврт во последните минути.
Најефикасни во тимот на Пелистер беа Мијовиќ со 17, Масlинко со 16, Планиниќ со 15 постигнато поени.
Во следното коло Пелистер во Битола го дочекува ТФТ, и со евентуална победа а во зависност од другите натпревари, може да дојде на делба на првото место во Македонското Првенство и во одлично расположение да замине на вториот турнир сезонава во АБА2 лигата.