Со богати дискусии и дебати во Офицерски дом во Битола се реализираат завршните активности на проектот: Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – SOLVE, чии вредни сознанија треба да придонесат за зголемување на капацитетите во регионот при справување со шумски пожари и поплави. Станува збор за проект од INTERREG ИПА програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“.УКЛО како домаќин, ги соедини партнерите на проектот меѓу кои од македонска страна е вклучен и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион – Битола. Водечки партнер од грчка страна е Децентрализираната администрација на Епир и Западна Македонија со учество и на Универзитетот во Кожани.
Во проектот SOLVE, УКЛО вклучи околу 45 професори, кои својата академска стручност и научни знаења ги споделија со заедницата и релевантните институции, со цел намалување на ризиците и зголемување на подготвеноста за справување со шумски пожари и поплави.
Инаку, проектот SOLVE е меѓу позначајните за намалување на ризиците од пожари и поплави на пет нивоа. Првото ниво е превенција од пожари и поплави и се заснова на проценка на ризик. Друга иновација е заштитата и вклучува примена на структурни и екосистемски мерки за намалување на ризикот од шумски пожари и поплави.
Третото ниво е подготвеноста и подразбира активности за предвидување опасности, рано предупредување и изготвување соодветни планови за итни случаи. Четвртото ниво е одговор и опфаќа задачи за подигнување на квалитетот на акциите, веднаш по појавата на шумски пожар или поплава.
Последното ниво е закрепнување и се однесува на утврдување мерки за краткорочно и долгорочно закрепнување на подрачјата зафатени од пожари и поплави.
Според ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, воедно и координатор на проектот, УКЛО се позиционира како регионална водечка институција во областите на проценка на ризик и зајакнување на подготвеноста за справување со природни катастрофи.
Неподелена е и оценката дека дводневниот настан што се одржува во Офицерскиот дом – Битола, на 9 и 10 ноември 2023 г. претставува уште еден значаен чекор во остварување на значајни заеднички цели како што е зголемувањето на регионалните капацитети за справување со шумски пожари и полави, чија сериозност и погубни ефекти може да донесат огромни трошоци и ненадоместливи загуби.

Завршни активности на проектот SOLVE во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес двојна програма од ракометниот куп, двете екипи Еурофарм Пелистер со лесни победи
- Петар Атанасијевиќ постигнати 32 гола на еден натпревар, а како нов рекордер во Македонија заврши на раце на своите соиграчи
- Пелистер со нова победа во Битола, против Кожув кој до крај не се предаваше (фотогалерија)
- Пелистер го победи Осогово во Битола за крај на есенскиот дел (фотогалерија)
- Пелистер ги награди најверните и најлојални фудбалери од оваа генерација (фотогалерија)